Loading...

За Косово и Албанија е важно Македонија и Грција да го решат спорот за името, децениски проблем што сега влегува во „жешка фаза“, велат за „Журнал“ албански аналитичари и дипломати.

„Приштина и Тирана на прв поглед изгледаат пасивни во овој поглед, бидејќи сметаат дека овој процес не ги поткопува нивните интереси. Исто така, верувам дека нивната проценка е дека позициите изразени од албанскиот политички фактор во Македонија се на иста линија со нив. Новите предлози за името не го нагласуваат само словенскиот елемент во Македонија, и секој префикс на географско значење, мислам дека е прифатлив за Албанците воопшто“, вели аналитичарот Фатон Алити.

Со ова во целост не се согласува неговиот колега од Приштина, Фадил Лепаја. Тој смета дека пасивноста на Албанците во Македонија произлегува од тоа што тие се дел од администрацијата и од извршната власт.

„Албанците во Македонија се политички фактор и се дел од институциите. А декларациите на Албанија и Косово за македонските државни прашања обично се пречекани од силни реакции од страна на македонските екстремисти“, вели Лепаја.

За разлика од Лепаја и Алити, Фаик Красниќи е речиси сигурен дека албанските политичари во Македонија нема да предизвикаат никаква бучава.

„Кога станува збор за големи проблеми, тие отсекогаш спиеле. Албанија и Косово не можат да молчат за Албанците што живеат во регионот. Ако земјите што немаат никаква врска со државата Македонија и се мешаат во нејзините внатрешни работи, Албанија и Косово имаат стотици други причини, бидејќи и покрај тоа што половина од македонското население е населено со Албанци, ова земјиште беше целосно албанско некогаш“, оценува Красниќи.