Прекрасниот зелен, листест зеленчук, спанаќ, често се споменува како еден од основните видови зеленчук неопходни за здрава исхрана. Преполн е со хранливи материи, антиоксиданси и антиканцерогени состојки. Има кревки, крцкави, темно зелени лисја, кои се омилена состојка на готвачите низ целиот свет.

Спанаќот изобилува со голем број хранливи фито-материи, кои го одржуваат доброто здравје и спречуваат развој на болести.

Има многу ниска калорична вредност (во 100 грама свеж спанаќ има само 23 калории). Содржи солидна количина растворливи растителни влакна, поради што овој зеленчук секогаш се препорачува во програмите за намалување на холестеролот во крвта и програмите за намалување на телесната тежина.

Во 100 грама спанаќ се содржат околу 25 проценти од дневните потреби од железо, што е меѓу најбогатите од зелените листести зеленчуци. Железото е важен елемент кој му е потребен на телото за создавање црвени крвни зрнца, но е и кофактор за ензимите кои ја редуцираат оксидацијата, цитрохром-оксидатите, во текот на клеточниот метаболизам.

Свежите лисја се богат извор на неколку витални антиоксидантски витамин, како што се: витамин А, витамин Ц и флавоноидни полифенолни антиоксиданси, како што се: лутеин, зеаксантин и бета-каротин. Заедно, овие состојки служат како заштита од слободните радикали кои настануваат како последица на интеракцијата со кислородот, што пак игра огромна улога во развојот на болести и процесот на стареење.

Го чисти организмот- присуството на целулоза го прави спанаќот драгоцено растение за варење и чистење на организмот. Често се користи и против обстипација (тврда столица).
Го враќа видот- научниците развиваат техника со која ќе може да се екстрахираат пигменти од спанаќот во нервните клетки на рожницата. Се верува дека тие, задолжени за апсорпција на светлината, може да помогнат во лекување на некои облици на слепило или барем делумно да го повратат видот;
Заштитува од рак на простата- каротиноидниот пигмент што се наоѓа во спанаќот успешно се бори против ракот на простата, и тоа на два начина: еден каротиноиден облик под името неоксантин влијае врз раковите клетки на простатата на тој начин што го стимулира нивното самоуништување, а од друга страна, неоксантиот со метаболните процеси во цревата дополнително се претвора во неохроми кои, пак, го инхибираат растот на клетките на ракот.

SHARE