Loading...

„Не треба да се плашиме од директни средби и разговори меѓу претставниците на Македонија и Грција. Во овој вид разговори не се разговара ниту за продажба на „Окта„ ниту се заклучуваат тајни зделки за големи бизниси. Затоа мислам дека со тие директни разговори не само што не се влегува во некаква дипломатска замка туку се излегува од замката на стравот двете најзаинтересирани страни да разговараат отворено за сопствените стравови и ставови“- реагираше денес политичкиот аналитичар Ѓорѓи Спасов на статусот на лидерот на ВМРО-НП и екс премиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски  денеска на Фејсбук напиша дека имал чувстводека со билателарните разговори со Грција влеговме во една голема дипломатска замка. Што поскоро треба да се вратиме на Нимиц и да се побара тој да ги дава предлозите а добро е тој и да ги води преговорите“,

Спасов споменувајќи ја „Окта“ алудира на зделката за продажбата на Скопската рафинерија  на грчката компанија „Хеленик петролеум“ склучена за време на неговиот премиерски мандат (1998-2002). Тогашната опозициона СДСМ обвинуваше за нетранспарентност и за криминален бизнис со продажбата на „ОКТА“.

Љупчо Георгиевски не кажува кој ја оспорува улогата на Нимиц, пишува Спасов и вели дека тој не прочитал „дека билатералните средби и разговори се само подготовка за продолжување на разговорите под покровителство на Нимиц. Не гледа дека тоа е фаза во разговорите и обид за зголемување на меѓусебната доверба на страните вклучени во преговорите со посредство на Нимиц.

Нимиц и натаму ги води преговорите и е единствено надлежен за давање на предлози кои ќе одат пред Советот за безбедност ако се постигне согласноста на двете страни“.