Конечно кошаркарско финале какво што, оваа нација која знае што е добро и што е квалитет, заслужува. МЗТ Скопје ја доби мајсторката против Карпош Соколи со 86-80 и ја задржа титулата во арената Јане Сандански.

Меч каков што во нашите сали, не сме гледале 10 години. Чист, квалитетен, со потези што пленат, со индивидуалци кои ретко, барем овде се гледаат. Аеродромци славеа зошто беа поконцентрирани, ги посака во решавачките моменти, а најмногу, затоа што во своите редови го имаа Шарлен Клоф кој даде 29 поени, со 7 скока и 5 асистенции. Холанѓанецот во исто време и диригираше и, што е поважно, ја презеде одговорноста во клучните, во завршните мигови. На Карпош Соколи му недостасуваше само тој еден, единствен елемент за прва радост, а воопшто не беше далеку. Особено кога во 37. Минута поведе со 78-74, но брзо потоа најдобрите се загубија. Пери кој имаше 17 коша се потроши претходно, Лабовиќ со истиот ефект, заработи петта лична, а Трајковски беше вон ритам што го натера да влезе во серија кобни грешки.
Конечниот резултат од финалето на нашиот кошаркарски плеј оф е 3-2 за МЗТ Скопје со тоа што, сите ги добиваа натпреварите дома, па излегува дека главната битка била добиена во Супер лигата. Ова е шеста титула во низа на екипата од Аеродром која владее со нашата клупска кошарка уште од 2012. година. Карпош Соколи беше одличен и вечерва, и цела сезона, и во тимот од западната скопска населба не треба да жалат, туку дополнително да се амбицираат, на Куп трофејот освоен пред три месеца, до година до додадат уште некој.
Супер издание на Супер финалето на машката кошаркарска лига за што треба да се признае влијаеше и, првично ни се чинеше грешна, но се покажа, добра и храбра одлука на МКФ, да ангажира турски судии. Затоа и меч и расплет, чисти како солза, а во него МЗТ Скопје славеше против Карпош Соколи со 86-82 што му овозможи да ја одбрани титулата во кошаркарското првенство.

SHARE