Според „Британика“, името ни е и Republika e Maqedonisë (Albanian) 

Британската енциклопедија „Британика“ пишува дека официјално име на земјава покрај Република Македонија е и Republika e Maqedonisë (Albanian).

Ова е првпат некој странски медиум или институција да објават дека дел од официјалното име е и тоа искажано на албански јазик. Претходно, официјалното име на државата беше само Република Македонија.

Промената во „Британика“ се случува во екот на преговорите за името, што отвора дилеми дали нејзиниот потег е поврзан и со други теми освен со употребата на албанскиот јазик.

Според податоците на „Британика“, во земјата има два службени јазици – македонски и албански, а последната промена е направена на 9 февруари, пред „донесувањето“ на Законот за јазиците.

Албанскиот назив Republika e Maqedonisë (Albanian) досега не беше користен во официјална употреба во Македонија, ниту на таблите при влез во земјава, ниту во државните институции.

 

1 Коментар

  1. So ova si priznavaat koj se turkacite za vtor sluzben jazik vo Makedonija,a sto britancite ne go stavat Indiskiot jazik za vtor sluzben jazik vo Britanija?

Comments are closed.