Според Ципрас, САД сакаат решение за Македонија а Русија е контра

Loading...

Лидерот на партијата Унија на Центарот Василис Левентис вели дека Грција ќе биде во хаос доколку се согласи Македонија да биде во името на северниот сосед.

„За жал прашањето за Скопје е затворено, а даденото решение ќе биде предавничка измама за Грција“, вели Левентинс според кого Грција влегла во хаос затоа што некои лидери дозволиле Македонија да биде дел од решението.

Левентис вели дека грчкиот премиер Алексис Ципрас му рекол дека Русија не сака решение за Скопје за разлика од Американците.
„Ние станавме Американци. Кога и да се мешаат Американците во нашите државни работи тие не уништуваат. Ципрас е заменик премиер“, вели грчкиот политичар чија партија има 7 пратеници во грчкиот парламент и нема да гласа за решение кое ќе го содржи зборот Македонија во името.

Коментирајќи ја аферата Новартис, Левентис вели дека нејзиното откривање од страна на Ципрас е грешка затоа што за неа нема обвиненија и сите се смеат за случајот кој е претставен како голема афера.