Спречен шверц на 613 килограми кокаин во Драч

Албанската полиција заплени 613 килограми кокаин скриени во камион со банани во пристаништето Драч.

Ова е најголема количина на кокаин некогаш запленети во Албанија, јавува порталот Exit.al.

Дрогaта била скриена во контејнери со банани од Колумбија кои требале со камион да бидат транспортирани за Италија.

Според Exit.al. во трансферот била вмешана албанската компанија Arbri Garden Ltd, сопственост на извесен Арбер Чејка.

Досега четири лица се притворени, меѓу нив и возачот на камионот, кој негира дека знаел за кокаинот скриен меѓу банани.