фото: Јутјуб (Сенки над Балканот)

Серијата „Сенки над Балканот“, најгледан телевизиски проект на Балканот во последниве три децении, донесе заедничка соработка меѓу две македонски актерски легенди кои во македонската јавност се сметаат за лути непријатели поради својата проврзаност на различни политички опции.

Авторот на серијата, Србинот Драган Бјелогрлиќ, инсистирал две од главните „македонски“ машки улоги да ги играат Тони Михајловски и Петар Арсовски, иако знаел дека меѓу нив двајцата има недоразбирања на политичка основа.

Во серијата се разбира и Арсовски и Михајловски како професионалци не покажуваат никаква емоција на приватна основа и одлично ги играат своите улоги.

Петар Арсовски е приврзаник на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и беше оштар критичар на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ а Тони Михајловски е член на опозициската партија а на последниот конгрес на партијата беше во првиот ред само на неколку места до новиот лидер Христијан Мицкоски.

Актерот Петар Арсовски лани преку својот Фејсбук профил индиректно го обвини Михајловски дека како директор на МНР ги уценува актерите кои што требале да донесат по 20 гласа за ВМРО – ДПМНЕ на изборите.

“Министерке Арсовска, со глава и брада видов мои колеги како чекаат ред пред директорската канцеларија со списоци од „гарантирани“ 20 гласа. И сега кој кого лаже, а јас ти стојам овде на располагање. Ги имам списоците(фото копии) и сведоци, ич да не се грижиш.”, напиша Арсовски на Фејсбук.

Во тој период уметнички директор на МНТ беше Тони Михајловски!

Петар Арсовски од страна на медиуми блиски на ВМРО – ДПМНЕ и нејзини симпатизери постојано е обвинуван како човек кој што пред тајните служби на поранешна Југославија го кодошел актерот Ристо Шишков за своите промакедонски ставови поради што тој бил затворен од страна на тогашната комунистичка власт.

На социјалните мрежи Арсовски често пати влегува во конфликти со тие што го обвинуваат за случајот Шишков и за поддршка на СДСМ.

И покрај своите дијаметрално спротивни политички гледишта Арсовски и Михајловски на извонреден начин соработуваат на српската серија Сенки над Баканот во која имa и фиктивна „македонска приказна“ во која учествуваат и актерите Јана Стојановска и Никола Ристановски.

Оставете коментар