Во Солун, со најголема тајност и под строги безбедносни мерки, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Котиас, се состана со својот македонски колега, Никола Димитров

Средбата се одржала во рамки на воспоставениот дијалог меѓу двете земји, стои во соопштението на грчкото МНР.

Министрите, како што пренесува Канал5 изразиле очекување дека на 17 јануари, медијаторот Метју Нимиц „ќе стави на маса иницијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликите околу името.

Во пререт на средбата во Солун грчката страна излезе со кусо соопштение дека министрите се очекуваат да се фокусираат на прашања од билатерален интерес, вклучувајќи и натамошно зајакнување на мерките за градење доверба”, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи .
На прашања од новинари, портпаролот на грчкото Министерството за надворешни работи не ги негираше ниту потврди информациите дека состанокот ќе се одржи во Солун.
По средбата, двајцата министри не дадоа никакви изјави.

Оставете коментар