Среќен Рамазан и 10 одговори во врска со постот

Колегата Хусамедин Гина во текстот за порталот Балкон 3 ни ги одговара 10 најчести прашања за постот а редакцијата на Expres.mk на сите муслимани им посакува Рамазан да го минат во посакуваната мирна и весела атмосфера.

Пред зори, ги исчекувам првите сехурски мириси од кујната. Мајка ми готви. Се почувствува мирис, необичен, сладок, полн со чувства. Тоа не е само на мирис на храната, туку, тоа е мирис на сите души кои се во исчекување на Алаховата прошка и рахмет во тие благословени часови. Стигна Рамазан, месец на постот, најголемиот муслимански празник.ramadan-2013-first-day-holy-month-muslims

Веќе се наоѓаме во втората половина на Рамазан. Живееме во едно мултикултурно општество, муслиманите за време на рамазанските пости се соочуваат со многу прашања поставени од нивните пријатели што не се муслимани. Еве дел од најчесто поставуваните прашања.

Балкон3, со одговарање на најчестите поставувани прашања, од страна на неисламското население ќе се обиде да ја објасни суштината на постот.

Најчестите прашања, кои редовно се поставуваат се:

1. Зошто се пости?

Рамазан е еден од петте столбови на Исламот. Тоа најлесно може да се објасни на следниот начин. Во метафорична смисла, постот е „принудна сиромаштија“, која исламот ја пропишува со цел воспоставување на еднаквост помеѓу луѓето со одбивање на храна, пијалоци и телесни задоволства. Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, во еден од  хадисите ги има појаснато и поедините вредности на рамазанот: „Во него се отвараат небеските порти, во него се затвараат вратите на Џехеннемот, во него непослушните шејтани се врзуваат во ланци, во него е ноќ подобра од илјада месеци“, сакајќи да ги потикне верниците на правење на добри дела и искористување на рамазанските благодети и вредности.

2. И вода ли не се пие? А кафе! Ниту цигара не смееш да запалиш, а мастика да џвакаш?

Да, не се пие ниту вода, ниту пак кафе, секако дека и најстраствените пушачи, за време на постот мораат да останат без својот порок. Во буквална смисла на зборот не смее да се конзумира ни капка вода. Постот трае од зората (Имсак), па се до заоѓањето на Сонцето (Ифтар). На пример оваа година постот трае од приближно 03 часот, трае до 20. 20. Се пости околу 17 часа.

За ифтар се внимава да не се претера со јадењето, препорачливо е да се јаде по малку, но, почесто. Откако ќе заврши ифтарот, секако следува чај или кафе, секој по своја желба. Летните периоди кога меѓу ифтарот и сехурот има многу краток период од околу пет саата се внимава  да не се јаде премногу, за да може де се јаде сехурот…

suhoor

3. Дали е тешко да се пости? Живееме во мешани средини дали е тешко да се гледаат другите како јадат?

Прашање кое е најтешко да се одговори. Човекот преку постот треба  да  ја сочува својата човечност и да ја исчисти својата душа од животински нагони и робување на страстите. Да ги контролира инстинктите. Дали е тоа лесно, проценете сами.

А за тоа дали е тешко да се гледаат другите кога јадат, мислам дека не, ако веќе имаш намера да постиш, воопшто не ти ни паѓа на памет да јадеш…

4. Навечер станувате да јадете, зошто, не може ли да се јаде пред да легнеш, и што се јаде за време не сехур?

Да, сехурот се јаде навечер. Сехурот не треба да биде обилен оброк, напротив важно е да се направи паметен избор на она што ќе конзумираме, а обемноста на храната треба да се избегнува со цел да не се преполни желудникот.
Eве еден скромен пример на една комбинација за брз и доста хранлив сехур: Интегрален леб, младо сирење, банани, урми, бадеми, вода, јогурт јајца, овошје, домашен мед…
Не треба да се конзумира многу кафе, чај, солена и пржена храна, со цел полесно да го поминат денот што следува!

5. Што јадете за ифтар и дали ви доаѓаат гости?

За ифтар се јаде се и сешто, нема никакви ограничувања. Гости секако дека се добродојдени, додека вредноста за подготвување на ифтар за тој што дава ифтар е многу голема. Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Кој ќе подготви ифтар на постачот, ќе има иста награда како и постачот, со тоа што на постачот нема да му биде намалена неговата награда.“  Пред да се започне ифтарот обавезно се учи следната дова. Aллаху, постевме за Твоето задоволство, ифтаревме со тоа со што Ти не опскрби, па прими го тоа од нас! Ти си, навистина, Оној кој се слуша и знае“.

iftar meal_balkon3

6. Дали правилата на постот насекаде се исти, сите муслимани на ист начин постат и зошто секоја година се пости во различен термин?

Секако да, откако Рамазанот е еден од столбовите на исламот и обврска на секој муслиман, правилата секаде се исти и непроменливи. Во различен термин се пости затоа што Месецот Рамазан се поместува 10 дена понапред поради лунарниот календар.

7. Кој треба да пости?

Муслиман

– Полнолетен

– Разумен

– здрав

– човек кој не патува

– и жена која не е во менструлен циклус.

8. Кој има право да не пости?

– Болен

– Патник

– Старец или старица кои не се во состојба да постат (За секој пропуштен ден задолжително ќе треба да нахранат сиромав човек)

– Болен чие оздравување не се очекува има статус на старец кој не е во состојба да пости

– Трудница и доилка

ramadan-2013

9. Дали се помага на сиромасите во текот на Рамазан и како?

Да. Садекату’л-фитр е пропишана материјална обврска со која исламот ги поттикнува муслиманите да водат грижа за сиромашните. Поточно секој муслиман на крајот на рамазан е должен да издвои (отприлика 3 кг) храна која преовладува во тоа поднебје и да се подели на сиромасите, за да и тие после месец дена пост, заедно со оние кои се имотни, уживаат во бајрамските денови.

10. Дали после враќањето во нормален живот е лесно, или на многумина им се случува да претераат со јадење и пиење, за да го „надоместат“ пропуштеното?

Враќањето во нормалниот живот не преставува некој проблем, бидејќи се јаде колку што треба. Нема ништо пропуштено, бидејќи се се надоместува помеѓу ифтар и сехур. Но, единствен проблем е што пред вас е Бајрам. Секако треба да се пази да не се претера со баклавите:) Тоа секако важи и кога сте во нормален живот. ramadan

 

SHARE