Српски неонацисти на јавен собир во Белград

Вчера во Белград со користење на нацистички симболи се одржа собир на почитувачи на српскиот генерал Милан Недиќ кој е убиен на вчерашен ден.

Со високо кренати раце како што тоа го правеа фашистите во втората светска војна десетина претежно млади луѓе му оддале почит на Недиќ кој ја водел српската влада од 1941 до 1944 година и кој по налог на германската армија однесол во смрт десетици илјади Евреи, Срби, Роми, комунисти и други.

Ова е прва јавна манифестација на неонацизам во Србија каде негирањето на холокауастот или величењето на фашизмот и соработниците на фашистичка Германија досега беше присутно само на приватни собири или на социјалните мрежи.

На објавениот повик за собир јасно се гледа сличноста на крстот лого со дизајнот на крстот кој го користеле нацистите.

Оставете коментар