Еден од најголемите музички виртуози починал во 1849 година, а се верува дека починал од една од најчестите причини за смрт во времето на романтизмот – туберкулозата, но денеска научниците околу тоа сепак, полемизираат.
Полско-францускиот пијанист и композитор умрел млад, на 39 години, тој бил болен од туберкулоза и се верува дека починал од перикардитис.

Полските експерти пред десет години започнаа да ја испитуваа здраствената состојба на Шопен, која била многу кревка бидејќи тој страдал од цистична фиброза. Тие денес користат модерна технологија во нивните истажувања за срцето на Шопен, кое во последните 168 години се чува во тегла со течност која се претпоставува дека е коњак.

„Со голема веројатност можеме да кажеме дека е туберкулоза“, вели водечкиот истражувач Мајкл Вит, експерт во областа на молекуларна и клиничка генетика, но Министерството за култура на Полска со години одбива да се спроведе ДНК тестирање на срцето на Шопен, плашејки се од постапката која би можела трајно до го оштети.

Срцето на Шопен се чува во ѕидот на барокната црква „Свети Крст“ во Варшава. Со тоа е исполнета неговата последна желба пред да умре во егзил во Париз во 1849 година. Остатокот од неговото тело е погребано во Пер Лашар.

Оставете коментар