Американскиот актер Силвестер Сталоне ги отфрли обвиненијата за сексуалните нападнати од 1986 година над 16-годишно девојче.

„Ова е смешна, категорично неточна приказна“, рече портпаролот на Сталоне Мишел Бега.

Полицијата никогаш не контактирала со актерот во врска со овој наводен напад, се вели во соопштението.

Британскиот таблоид „Дејли мејл“ објави дека поседува извештај на полицијата во Лас Вегас во врска со инцидентот што наводно се случило во 1986 година, кога Сталоне го снимаше филмот „Over the Top”.

Според 16-годишнната девојка откако се запознале со тогаш 40-годишниот Сталоне во хотелот, тој ја принудил да има секс со него и неговиот телохранител Мајкл де Лука, пишува британскиот весник.

Таа не поднела тужба затоа што се чувствувала „понижена и срамна“.

“Дејли мејл” објави копија од овој извештај на 11 страници.

Мајкл де Лука беше убиен од страна на полицијата во инцидентот во 2013 година, кога го запреа во сообраќајот.