Поглаварот на Македонска православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Стефан, официјално го покани бугарскиот патријарх Неофит да учествува во свеченостите по повод 1.000-годишнината од основањето на Охридска архиепископија.

Поканата била упатена лично до бугарскиот патријарх во писмо потпишано лично од архиепископот Стефан.

Во него се вели дека, доколку духовниот поглавар на БПЦ не може да ја посети Република Македонија, за да учествува во прославата, тој може да испрати свој претставник на соодветно ниво.

Помеѓу двете цркви има приближување откако во ноември МПЦ-ОА побара од БПЦ да ѝ биде црква-мајка, со што македонската црква би била призната и од другите сестрински цркви.

Поканата од МПЦ-Охридска архиепископија доаѓа само неколку дена откако бугарскиот патријарх Неофит изјави дека „доколку има покана, ќе испратиме“ делегација за прославата.

На специјалната седница на 13 март Светиот синод на Македонска православна црква одлучи одбележувањето на 1.000-годишнината од Охридска архиепископија да се одвива во храмот „Света Софија“ во Охрид на 28 мај.

 

1 Коментар

Comments are closed.