Двојниот НБА првак со Голден Стејт, Стеф Кари е најжешката приказна деновиве во кошаркарските, па и воопшто во спортските кругови преку Атлантикот. Договорот со Вориорси му истекува, и не е спорно неговото продолжување, зошто извонредниот бек шутер никогаш и не рекол дека ќе го напушти Оукленд, колку што предизвикува сумата што ќе му биде дадена. Од вечерва кружи бројката од 205 милиони долари кои Кари би ги добил за само пет години, што би бил нов НБА рекорд.

“San Jose Mercury News” се повикува дека изјава на еден од сопствениците Џозеф Лакоб кој рече дека ќе направат се за да го задржат брендот на франшизата, а тоа весникот дознал ќе бидат 41 милион и 250 илјади долари во просек во следните пет години.

За споредба ваков договор на Кари би бил за десет милиони долари повеќе од тој на Леброн Џејмс со Кливленд, или дури 15 од соиграчот Кевин Дурент. Во Голден Стејт со ваков потег може да настанат и проблеми зошто партнерот на Стеф во бековската линија на Вориорси Клеј Томпсон ќе има три пати помала плата.