Кристијано Роналдо е повикан на суд на 31. јули со што во Мадрид ќе започне судењето за затајувањето данок. Португалецот е обвинет дена во периодот од 2011. до 2014. година затаил данок во висина од 14.7 милиони евра што може да му донесе и повеќегодишна затворска казна. Од тоа случување ќе зависи и како натаму Роналдо ќе се однесува кон Реал Мадрид кој, според последните денови, за него беше завршена приказна.

Роналдо е во Русија за настап на Купот на Конфедерациите, а во терминот во кој треба да се појави на првото рочиште имаше закажано одмор. Очигледно е дека на 11. следниот месец ќе мора да го прекине одморот и во костум да се појави во мадридскиот суд.

SHARE