Бегалската криза ја зајакна улогата на Католичката црква во Австрија – значителен број муслимани дојдени во земјата го прифатија христијанството, пишува Дојче Веле, повикувајќи се на Виенската надбискупија.

Само 260 луѓе од 15 различни нации се покрстија во главниот град на Австрија.

Фридерике Достал, одговорен за крштевањето на возрасните во надбискупијата, смета дека е неоправдано тврдењето дека мигрантите го прифаќаат христијанството за да ги зголемат шансите за азил.

„Со оглед на тоа дека католичката црква во Австрија не сака да вклучува псевдохристијани, ние сме многу строги во изборот на кандидати и при допуштање на светата тајна на крштевањето“, вели тој.

Подготовката за крштевање трае најмалку една година а тие кои сакаат да станат христијани редовно присуствуваат на богослужби, ги следат христијанските норми на живот и учествуваат во добротворна работа.