Македонската влада им нуди државјанство на сите странски државјани кои доаѓаат да инвестираат во земјата. Според прес службата на владата, во вторникот се постапувало по барањата за државјанство од неколку странски државјани, главно турски инвеститори.

Странски државјани можат да добијат државјанство врз основа на законот кој се однесува на научни, економски, културни или спортски работници, јавува агенцијата Ксинхуа.

Многу странски државјани добија македонски пасоши во последниве години врз основа на овој закон.

Македонската влада нуди државјанство за секој кој вложува најмалку 400.000 евра или 515.000 американски долари и ќе вработи најмалку 10 лица.

Иницијативата е од 2012 година и според неа, странците кои купуваат недвижен имот во вредност од над 40.000 евра се стекнуваат со право да останат во земјата една година.

Според тогашниот премиер Никола Груевски, овој потег на македонската влада имаше за цел да ги ублажи условите за престој за странските инвеститори кои купуваат недвижен имот во Македонија или инвестираат во економијата на земјата. Ова не се однесува на инвеститорите во хотелскиот и трговскиот сектор.

Оставете коментар