За прв пат, во Македонија споменик на Андон Лазов Јанев – Ќосето, бил поставен во Струмица, пишува порталот „Инфомакс“..

Споменикот бил поставен во далечната 1978 година во Градскиот парк и преставува композиција од три скулптури од бетон, во природна човечка големина. Доминира фигурата на Гоце Делчев, па револуционерот – комита и фигурата на Назлам, синот на струмичкиот бег. И трите фигури се поставени на плато.

Дело е на академскиот ликовен уметник Борис Крстевски , а подигнат е по повод 75 –годишнината од Илиденското востание, односно во 1978 година, пишува „Инфомакс“.

Споменикот на Андон Јанев – Ќосето од пред Врховниот суд во Скопје беше отстранет неделава бидејќи, според градоначалникот Петре Шилегов, бил дивоградба.