За време на викендите бројката што ја посетува раритетната природна убавина на југот во државата може да достигне некаде до 1.000 туристи, а кога би имало сместувачки капацитети тоа веројатно би било многу повеќе. И сите се со една цел да го видат водопадот со височина од 15 метри и со широчина на падот од околу 6 метри.

Колешинскиот водопад е сместен на северните падини на планината Беласицаи во долниот тек на реката Баба и е на надморска височина од 500 метри. Тој е еден од највисоките водопади во Македонија, а недалеку од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.

Колешинскиот водопад стана атракција и се повеќе луѓе од Македонија, но и од соседството се сведоци на мирот, чистотата, убавината на локацијата која се почесто е дел и од екскурзиите на различни групи и возрасти.

SHARE