Судир на „освестените“ македонски новинари и дипломати (видео)

Новинарот Љубомир Гајдов влезе во директен судар со екс амбасадорот Ристо Никовски на емисијата Топ Тема на Телма, на која тема е посетата на медијаторот Нимиц и можностите за решавање на спорот за името.

Во емисијата Гајдов го обвинува Никовски дека е некултурен човек кој треба да престане да раскажува басни дека Америка сака да ја уништи Македонија!

Гајдов кој за време на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ  често пати ги фалеше дипломатските напори и чекори на македонската влада предводена од Никола Груевски и шефовите на дипломатијата Антонио Милошоски и Никола Попоски, сега зборува за низа грешки на екс „режимот“ како што го нарекува сега владеењето во последниве 11 години.

Според Никовски целта на сите дипломатски активности меѓу кои е и посетата на медијаторот Нимиц е да се натера Македонија да го промени името.

Познат како силен поддржувач на политиките на ВМРО – ДПМНЕ Никовски дипломатската иницијатива на новата влада и покрај студениот туш од Атина и Софија е позитивна и треба да продолжи.