Во Брисел, каде се коваат директивите и конвенциите против насилството врз жени и деца, каде се осудува се сексуалната експлоатација, всушност има една улица каде легално се продава – месо.

И вистинската експлоатација на жените е легална,  вели Мирољуба Бенатова, новинар на бугарската телевизија НОВА.

На оваа улица главната „стока“ што се продава се бугарски и романски девојки.

Јавните куќи ги водат, исто така, Бугарки. Тие не се поранешни проститутки, туку навидум добри жени на средна и постара возраст. Тие се средното раководно ниво во меѓународната трговија со сексуални робинки.

„Кога отидов таму, 2007, бев многу вознемирена. Не можев да прифатам работи. Но, тогаш ги прифатив. Се навикнав“, вели една од нив и додава дека околу 100 возрасни Бугарки во моментов практикуваат професија „Мадам“ во Брисел. Тие се од цела Бугарија… има и од Перник, Стара Загора, Варна, Силистра и Крџали.

Возрасните жени кои велат дека се чистачки и девојките кои изложува своите тела на излозите на улицата „Асколи“ се само видливиот дел на организацијата.

На врвот има околу 60 лица кои поседуваат лиценца дека имаат право да ги користат објектите за јавни куќи. Тие главно се Албанци со белгиско државјанство.

Локалните власти во Брисел наплаќа данок на леглата на проститутките. Исто така, неофицијално секоја девојка плаќа по 250 евра дневно само за да го покаже своето тело на излог.

Ова е сурова експлоатација. За да обезбеди тие пари, една девојка треба да опслужи шест клиенти пред да почне да работи за себе и за нејзиниот макро.

За влијанието на криминалната организација може да се суди по тоа дека полицијата и обвинителството во Брисел одбиваат да зборуваат пред камерите на НОВА, иако првично дале согласност.

https://www.vbox7.com/play:dbd3f2b883