СЈО бара притвор за Груевски, ДУИ засега куртули од правдата

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска на прес конференција најави дека очекува сите поднесени обвиненија во 17 нови предмети да се процесираат во итна постапка и притоа ќе се бара притвор за голем дел од обвинетите.

Специјалното јавно обвинителство поднесе обвиненија против 94 физички и 7 правни лица за серија кривични дела откриени во прислушуваните разговори за кои очекува  да бидат преземени од судовите во итна постапка за кои треба да се почне со процесирани во рок од 24 часа.

Таа потврди дека е побарано мерка притвор за претседател на политичка партија, но и  за други високи, актуелни и поранешни, функционери.

Вкупно со денешните  17,  бројката на вкупно поднесени обвиненија е 20. Според Јанева за дел од истрагите нема да има обвиненија затоа што немало доволно време да се заврши истрагата.

Според неа „засега“ нема обвиненија за високи функционери на ДУИ.

Во врска со случајот „Монструм“, обвинителката го обвини Советот на Јавни обвинители за „несоработка“ поради што не можел да биде извршен увид во предметот и да се утврди дали е СЈО надлежен за него.