СЈО удрило по најрадикалниот борец за „Тиранската платформа“, највлијателен член на ДУИ во Карадак

За неколку часа македонската јавност треба да дознае дали меѓу тие што е добијат притвор по обвиненијата од СЈО ќе биде и еден од двајцата високи функционери на ДУИ Ејуп Алими кој што е еден од најгласните поборници на целосно прифаќање на таканаречената „Тиранска платформа“.

Добро информирани членови на ДУИ за expres.mk велат дека Алими е жртва на СЈО само затоа што бил непопустлив за спроведување на сите точки во декалрацијата на албанските партии за правата на Албанците.

За разлика од неговите колеги од ДУИ кои што во новиот собраниски состав се обидуваа да ги намалат штетните ефекти на платформата Алими кој е координатор на пратеничката група на неговата партија отворено без ракавици говореше за неа  и целата ја прочита пред колегите со Собранието со што предизвика реакции кај македонскиот дел од јавност при што нанесе политичка штета на македонскиот дел од власта.

„За да ги отстраниме дилемите за заедничката декларација на албанските политички партии, јас сум принуден да ја прочитам декларацијата која е потпишана од албанските политички партии.

Ова е програма и платформа на албанските политички партии, рече Аљими. Првата точка е постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот.

Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ каде што Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население.

Постигнување целосна јазична еднаквост, употреба на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија.

Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ги рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност. Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 до 1956 година“ рече во своето излагањето од собраниската говорница на пратеникот Ејуп Аљими од ДУИ.

 

Според неговите соработници Алими е жртва на СЈО и поради неговите отворени залагања за целосно расчистување на судските постапки во кои беа обвинети и осудени Албанци од Македонија како „Сопот“, „Бродец“, „Монструм“ и „Kуманово“ преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

Алими од СЈО се гони за  кривичното дело „уништување на изборен материјал“ во случајот „Титаник“.

Алими во 1998 година се приклучил на ОВК на Косово каде што бил под команда на Рамуш Харадинај за во 2001 година да се приклучи на македонската ОНА под водство на Али Ахмети. Роден е во Танушевци во 1980 година и се смета за еден од највлијателните членови на ДУИ во скопскиот и кумановскиот регион.

 

 

SHARE