Loading...

Некогашниоте коалициски партнери и лидери на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Никола Груевски, сакајќи да го намалат ефектот од реалните податоци од пописот што требало, а не се одржал во 2011 година, го оштетиле буџетот за околу три милиони евра, соопште денеска Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Тие преку медиумите ширеле информации дека за пропаднатиот попис е виновна неспособноста на Државна пописна комисија и лошиот Закон за попис на населението, кој бил поништен.

„Едноставно, осомничените сфатиле дека со законска пописна операција ќе им се нанесе огромна штета на владејчките ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и со тоа и на нив самите како лидери на овие партии, па водејќи се пред сѐ од лични интереси и за да ја задржат моќта во општеството одлучиле дотогаш потрошените парични средства да ги фрлат во вода“, изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

За Груевски и за Ахмети засега не се предложени никакви мерки, а дополнително ќе бидат повикани да дадат исказ.

Ахмети првпат е осомничен во предмет на СЈО.