Табли со натписот „Пријателство“ осамнаа на автопатот до Грција

Екипи на „Македонија пат“ веќе почнаа со поставување табли со натписот „Пријателство“ на автопатот од Табановце до Богородица, која до неодамна го носеше името „Александар Македонски“.

Ова е практична реализација на одлуката на Владата од средината на февруари за отстранување не само на таблите на најголемиот автопат во Македонија, туку и на таа со името „Александар Велики“ на скопскиот аеродром, како знак на добра волја кон Грција во рамките на разговорите за разликите за името.