„Ова е човекот кој некогаш беше и министер за полиција и за надворешни работи, советник на двајца претседатели, а во 2004 година, по признавањето на уставното име од САД, бараше прекин на преговорите и тврдеше дека сме победиле.

Само потсетување за неговото минато и за начинот на кој неговите позиции ‘овулирале’.

Со други зборови, и овој човек припаѓал на ‘суријата’ која сега се обидува да ја дискредитира – човек без кредибилитет“, пишува професорката Билјана Ванковска на својот ФБ профил на кој постира и фотографија од колумна на Љубомир Фрчкоски за еден дневен весник.

Денес, некогашниот шеф на македонската дипломатија мисли друго и во колумна во која го критикува „прогласот“ на 200 интелектуалци (како што ги нарекоа медиумите) кои бараат транспарентност на преговорите и поставуваат прашање дали Македонија треба да потклекне под уцените за промена на името, меѓу другото вели:

„„Писмото на интелектуалците за прекин на преговорите со Грција e крик на оштетени луѓе, квази жртви, патетична сурија со провинциски ум.

…Не можат да бидат слободни, делотворни, еманципирани, со поглед напред и со самодоверба – бидејќи ги мразат соседите, ги оспоруваат соседите, ги отфрла и не ги разбира меѓународната заедница, малцинствата ги роварат одвнатре, либералните интелектуалци ги предаваат одвнатре. Или со речникот на оваа патетична сурија: на македонскиот народ му се подготвува и води (отсекогаш, впрочем) духовен и физички геноцид од соседите… му се копа гробница однадвор и одвнатре…“