Одлуката на Хрватскиот ракометен сојуз да не го отпушти или да му го продолжи договорот на прославениот селектор кој, не се прослави во јануари кога домаќинот на ЕП го освои само петтото место, има сериозно импликации на нашиот ракомет преку еден од најдобрите македонски тимови, Металург. Лино Червар кој долго тактизираше и селекторуваше во Хрватска, а во Автокоманда местото му го чуваше Александар Јовиќ ќе мора наскоро да се реши зошто ситуацијата е веќе неодржлива и ќе мора брзо да се реши.

Претпоставка е дека за неколку дена Металург ќе објави дека Лино Червар веќе не е тренер на шесткратниот македонски ракометен првак и дека неговото место го зазема Јовиќ, но тоа дополнително ги компликува работите во Автокоманда бидејќи ангажманот на 68 годишниот Хрват е најтесно врзан со спонзорството и финансирањето од страна на Макстил. Токму во периодот во кој Лино отсуствуваше и се подготвуваше за Европското во неговата земја во Автокоманда запре приливот, па играчите се без плата неколку месеци, што минатата недела се закани да создаде штрајк и застој, кој за среќа не се случи, но не значи дека наскоро нема да биде активиран.