Новиот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари им се заблагодари на граѓаните за поддршката на локалните избори и изјави дека Гостивар е општина на сите граѓани и дека тој ќе биде достапен за нив во секој момент, пренесе Тв21.
Тој денес официјално влезе во проториите во општината, но таму не беше пречекан од претходниот градоначалник, Невзат Бејта.
Таравари вети дека ниту еден административец кој работи во општината нема да биде избркан од работа и дека сите граѓани ќе бидат третирани на еднаков начин. Тој исто така додаде дека неговата партија има и мнозинство и во општинскиот совет.

Оставете коментар