Познатиот режисер се сврши со 21. година помладата израелска пејачка Даниела Пик, со која веќе беше во врска, но поради неговата кариера врската беше прекината пред осум години.

Даниела е ќерка на познатиот музичар од израелско потекло Свика Пик, за новинарите таа изјави, “Вистината е, двајцата сме среќни и многу возбудени”.

“Да, семејството е среќно. Вчера тие се свршиле и ние им честитаме”, изјави татко на Даниела.

Квентин Тарантино (54) и Даниела Пик (33) врскатаја започнаа во 2009. година. Тие се сретнаа кога Тарантино, беше во Израел, каде го промовираше својот филм “Неславни копилиња”. Две недели потоа Даниела беше во негова придружба на црвениот тепих во Лос Анџелес, но романсата траеше кратко, а тие веднаш потоа се разделија.

Во интервју за магазинот GQ во 2009. година Тарантино изјави дека тој намерно ја жртвувал врската со Даниела, со цел да се фокусира на својата кариера.Тој тогаш рече и дека верува оти конечно сретнал некој со кој може да се види во иднина, но врската се распадна бидејќи тој не бил подготвен на тоа.

Во текот на летото на 2016. година Квентин и Даниела повторно беа забележани заедно откако режисерот најави дека планира да се пензионира кога ќе ги заврши двата последни филмови на кои веќе работи. Квентин Тарантино е американски филмски режисер, сценарист и актер, и добитник на Оскар и Златна палма, а ова ќе биде прв брак за него.

 

SHARE