Тачи притиска за демаркација на границата со Црна Гора

Loading...

Во понеделник, 15 јануари, косовскиот Комитет за надворешни работи, треба да реши дали Предлог-законот за демаркација на границата со Црна Гора, ќе оди во парламентот на одобрување или не.

Комисија за утврдување на државната граница тврди дека со договорот постигнат помеѓу двете земји Косово ја губи околу 80 хектари територијата, но претседателот  Хашим Тачи, вели дека договорот дека треба да биде ратификуван, јавуваат косовски медиуми.

Утврдувањето на границите меѓу државиете е еден од условите на кои инсистира ЕУ, кој го има исполнето сасмо Македонија.

Тачи вели дека “условите од Европската унија за Косово не се фер, но нератификацијата на овој договор од страна на Косовското собрание е неоправдана. Затоа, јануари е последниот момент за да најдеме консензус и да го ратификуваме овој договор“.

Дури тогаш ќе биде надмината неправедна изолација на граѓаните на Република Косово “, вели Тачи за „Indexonline“.

Тачи семта дека прашањето на демаркацијата не треба повеќе да се одложува и дека треба да се реши што е можно побрзо со цел да се отворат патиштата на Косово кон Европската унија.