Тајм: Македонија 10 најефтина земја за живеење

Македонија е десетта најевтина земја за живеење на листата што ја изготви американската консултантска куќа GoBankingRates, a ja објави Тајм магазинот.

На листата се рангирани вкупно 112 земји ширум светот со споредба на трошоците за живот во однос на Њујорк. Во горната половина се сите држави од Југоисточна Европа, а највисоко место од земјите во регионот е Косово кое е на трета најевтина земја за живот. Македонија е на десетто место, Босна на 11, Србија на 18, Грција на 19-то, Бугарија на 20-то, Црна Гора на 26-то.

Рангирањето се врши на основа на неколку парамтери, индексот на локалната куповна моќ, висината на закупот на недвижностите, цената на намирниците и индексот на малопродажните цени, и потоа споредени со стандардот на животот и цените во Њујорк.

Така, во Македонија локалната куповна моќ е за 49 отсто пониска од таа во Њујорк, киријата е за 94 отсто поевтина што е меѓу најниските измерени, намирниците се за 73,3 отсто поевтини, локалните добра и услуги за 68,6 отсто во однос на Њујорк.

За поевтина од Македонија се смета Чешка, заради, како што бележи Тајм, рамнотежата помеѓу пониските трошоци и повисоката локална куповна моќ.

Според оваа листа најевитно се живее во Јужна Африка, а најскап е животот на Бермуди, Бахами, Хонг Конг, Швајцарија.

SHARE