„Твитот“ на Трамп за Македонија што ги вознемири Грците

Порака на Твитер на американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика лавина реакции меѓу грчката заедница во САД пред да биде утврдено дека се работи за лажен пост од лажен профил кој нема врска со станарот на Белата Куќа.

Во твитот се вели: „Александар Велики не бил Грк. Тој бил голем Македонец. Фантастичен Македонец“, а во постот се користат и два хаштази #macedoniaForTheMacedonians  и #longlivemacedonia.

Според индикаторите за тоа колку овој твит е ретвитуван (34,210 пати) и бројот на добиени лајкови (над 100 илјади) јасно е да се утврди дека се работи за лажен пост на Твитер. Особено затоа што шеф на неговиот кабинет е американецот со грчко потекло Рејнс Прибус кој што е претседавач со Националниот Републикански Комитет.

Доколку авторите на овој лажен пост сакале да испровоцираат реакции од грчката дијаспора во САД тогаш целосно успеале. Она што ги буни тие што го виделе твитот е што тој е поставен од идентичен профил каков што користи американскиот претседател кој најверојатно е направен со помош на фотошоп.

SHARE