По апсурдното предупредување на аеродромот во Тирана дека е забрането да се внесуваат со рачниот багаж рачни фрлачи „стингер“ и пушки АК 47, холандскиот новинар Винсент Трист ја ретвитна извесна „Смиљана“, која ги заслужи почестите за твит на денот.

„Повторувај по мене: ДУИ е чесна партија. Не го глеј апаратот за броење кеш“, напиша таа на „Твитер“ над фотографијата од канцеларијата на лидерот Али Ахмети, во која меѓу другите предмети видно место зазема токму наведениот апарат.

Коментарот на Трист, слободен новинар што живее во Тирана и работи за странски медиуми, фокусирајќи се на Албанија и на Балканот, е: „Машините за броење пари и политичарите не се добра комбинација“.

 

Оставете коментар