Наследник на можеби најбогатите Срби во предвечерието на Втората светска војна, вели дека зградата во која е сместена Куќата на цвеќето во  која почива југословенскиот претседател е негова.

Владимир Лешиќ тврди дека имотот не му бил вратен, бидејќи законот е неправеден, додека од Агенцијата за денационализација тврдат дека „Куќата на цвеќето“ нема да биде вратена.

„Јас не знам дали е нормално луѓето да се погребуваат во некој друг двор“, вели Лешиќ, правнук на Милош Савчиќ.

Некогаш најбогатиот Србин имал десетици недвижности и земјиште, како и вилата на „ Ужичка“ 15, каде се наоѓа Куќата на цвечето во која се гробовите на Јосип Броз Тито и Јованка Броз.

Семејството на Милош Савчиќ било меѓу првите членови на српската предвоена елита кои се населиле на Дедиње и од кадебиле протерани во април 1941 година.
Потомокот на Савчиќ некои на шега го нарекуваат српски Рокфелер. Но, тој сериозно прашува зошто имотот не ме се враќа и вели дека законот за реституција е неуставен.

Иницијативата за оценување на уставноста на овој закон веќе е доставена до Уставниот суд, а во моментов се бараат потписи од 25 таа иницијатива се претвори во движење и на тој начин да го забрза процесот на уставен преглед.

“Она што го предлагаме е еден вид на супституција на имотот кои не се користи рационално, и кој преку сомнителна приватизација, завршува во кој знае чии раце, да биде вратен на сопствениците,”, вели Саво Манојловиќ од Здружението за заштита на уставноста и законитоста.

Дали куќата на цвеќето ќе биде предмет на компензација, не е познато. Приказната вели дека Тито фрлил окото на таа зграда на улица „Ужичка“ во Белград уште во средината на триесеттите години на минатиот век, а некои тогаш го слушнале кога рекол: Е тука ќе живеам.

Оставете коментар