Грчките предлози за решавање на спорот со името се веќе испратени во Скопје, изјави за државната телевизија ЕРТ, шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, одговарајќи на прашање кога односно дали при најавената посета на Скопје ќе ја достави и нацрт спогодбата.

Коѕијас, во Скопје треба да допатува во четврток, иако с’е уште нема официјална потврда.

„Да ви дадам нешто ексклузивно. Изработивме текст со нашите предлози во целост, како во однос на отворените проблеми што ги имаме со ПЈРМ, така и за идната агенда за соработка што ќе им донесе корист на двете страни. Овој текст го пратив пред повеќе дена во Скопје“,рече тој.

„То Вима“ деновиве напиша дека Коѕиас, се чини дека ги испратил конечните предлози на Атина на владата во Скопје, а тој „со договор за името в рака“ ќе замине за Скопје на 22-ри март.

Американски извори цитирани од страна на веб-страницата на hellasjournal дека во пакетот на  Коциас има пет предложени имиња и се чини дека му се допаѓаат Нова Македонија и Горна Македонија напишани на словенски јазик пишува „То Вима“ и според кој грчката влада е целосно заштитена со името Горна Македонија и дека меѓународниот договор ќе стигне во грчкиот парламент по Велигден, можеби на почетокот од мај.

Изворите на „То Вима“ тврдат дека во грчкиот пакет промената на уставот во Скопје е услов за да се заврши договорот и дека  Коциас отфрла „лесен договор“.

За промените во имињата на аеродромот и на автопатот  министерот рекол дека се „добри случувања“”, но нагласува дека тоа не е доволно.