Теменугов: Седете мадро и умирајте на рати

Уредникот на економската редакција во телевизијата Алсат – М Горан Теменугов предвидува повисоки цени на парното поради новите решенија во Законот за енергетика.

Според еден од најдобрите економски новинари во земјава, со законот наместо да поефтини греењето на парно ќе поскапе значително а тоа ќе влијае и на аерозагадувањето.

“Драги мои. Скопје и цела држава се задушуваат од загаден воздух. Причина, пред се, е начинот на кој се грееме. Со новиот Закон за енергетика, парното наместо да поевтини, ќе стане скапа играчка. Седете си мадро и умирајте на рати…”, напиша новинарот на Фејсбук.

Фото: журнал.нет