Темјан е една од најстарите мирисни билки. Со него се тргува дури од пред 5000 години на Арапскиот полуостров и Северна Африка, каде што бил вреден како злато.
Што се лекува со темјан
Темјанот има силно антиинфламаторно и аналгетско дејство, ја подобрува циркулацијата, го зајакнува имунолошкиот систем , се проценува дури дека може успешно да се бори со некои канцерогени клетки.
Темјанот е докажан ефикасен лек кај артритис и голем број на болести на локомоторниот апарат . Помага при отоци и грчеви во мускулите , го намалува бројот на напади на астма , лекува воспалителни болести на цревата како гастричен колитис , и помага при камења во бубрезите .
Бидејќи темјанот има опојно дејство , се смета дека е добар антидепресант , помага при стрес и страв. Се користи како метод за лекување не само во психотерапијата , но и во ароматерапијата . Има смирувачки ефект , помага при несоница.
Интересно за темјанот
Египќаните подготвувале маски подмладување на лице од темјан. Го користеле и за балсамирање, помешан со смола од кедрово дрво и мускатово масло.
Древните Кинези верувале дека инхалации со чад од темјан го прочистува умот и душата.
Во муслиманскиот свет се бркат злите духови со темјан.

 

Според Ајурведите, темјанот во куќата носи добро здравје на сите членови на семејството.

Темјанот од античките времиња се користел на Блискиот Исток за одржување на оралното здравје. Тамошните луѓе имале навика за џвакање на смола – темјан, која го подобрува здравјето на забите и непцата. Поради неговите антимикробни својства, темјанот ги спречува инфекциите

SHARE