Марија Шарапова не доби вајлд карта ни за квалификациите од Ролан Гарос, но затоа Викторија Азаренка имала покана и за главниот турнир. Белорусинката нема да игра во Париз бидејќи е прекраток периодот од раѓањето на нејзиното прво дете Лио, но може да се појави во втората половина на јуни на турнирот во Мајорка. Тони Надал инсистира Белорусинката да биде дел од овој турнир.

Различен аршин е евидентен за двете големи тениски ѕвезди од истокот, поранешни светски рекети бој 1 и освојувачи на Гренд Слем турнири, но и причината за нивното отсуство беше различна. Едната ја нема близу година поради мајчинство, другата заработи суспензија поради допинг и ја немаше нешто подолго.

SHARE