Тешките прашања излегуваат на виделина, вели Димитров (ВИДЕО)

Loading...

По седумчасовната средба со грчкиот колега Никос Коѕијас и со медијаторот Метју Нимиц, денеска во Виена шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, оцени дека колку поотворено и поконкретно се оди кон решавање на спорот со името, толку повеќе тешкотии излегуваат на виделина.

„Има условен напредок во преговорите, бидејќи  како одиме напред  доаѓаме до потешките прашања. И од нашата страна и од нивната страна имаме доста за размислување, и за мерење. Работевме по логиката што е тоа што е најважно за едната страна и за другата страна и дали можеме во компромисот кон кој се движиме да ги покриеме двете работи. Меѓутоа не зачудува што колку отворено и поконкретно чекориме кон решение така и тешкотиите излегуваат се повеќе на виделина“, изјави шефот на македонската дипломатија.

Следната средба во ист состав е најавена по Велигденските празници.

 

1 Коментар

  1. […] Во изјавата за македонски медиуми денес по средбата со грчкиот колега Никос Коѕијас и со медијаторот Метју Нимиц, министерот Димитров оцени дека бил направен „условен напредок“, бидејќи „како одиме напред  доаѓаме до потешките прашања“. […]

Comments are closed.