Тиквешкото езеро по површина е најголемо вештачко езеро во Македонија. Езерото е настанато во 1968. година со преградување на кањонот на реката и со изградба на брана висока 104 метри. Браната е изградена од нафрлан камен со глинено јадро чија должина изнесува 338 метри.

Географија и основни податоци

Тиквешкото езеро се наоѓа во јужниот дел од држвата во кањонот на реката Црна и е одалечено 12 километри од Кавадарци, односно 3 километри јужно од селото Возарци. Се наоѓа на надморска височина од 165 метри и има конусна форма, а се протега во правец северо-југ. Тиквешкото Езеро на север се граничи со вештачки создадената брана во близина на селото Возарци.

Тиквешкото езеро е најголемо вештачко езеро по површина, длабочина и по должина во нашата земја, а второ по вкупното количество вода во него. Езерото има површина од 14 километри, во должина од 28,5 километри, а просечно е широко 500 метри. Најголемата длабочина на езерото изнесува 105 метри. Вкупната бруто-зафатнина во езерото изнасува 475 милиони метри³ вода. Водата од Тиквешкото езеро се користи за наводнување и за добивање на електрична енергија. Наводнувањето се врши преку хидросистемот “Тиквеш”, а во близина на браната е подигната хидроцентралата Тиквеш.

Како главен извор за полнење на вода на Тиквешкото езеро се Црна река и Драгор. Температурата на водата во Тиквешкото езеро за време на летниот и есенскиот период изнесува 24 С°. Ова го прави езерото привлечно како за бројните капачи така и за љубителите на најразлични спортови на вода.

Варовничко-геолошката положба на крајбрежјето придонесува за присутноста на пештери, пропасти и јами.

Флора и фауна

Тиквешкото езеро изобилува со различни видови на животински свет и изобилие на слатководни видови на риби. Во овој природен резерват има регистрирано повеќе ретки птици-грабливци.

Во Тиквешкото Езеро се констатирани повеќе видови риби од кои предмет на стопанската експлоатација се:

-Cypimus caprio (краповидни) и тоа: крап, караш, толстолобик, црвеноперка, клен, скобал (бојник), белвица, линјак, мрена и др;

-Perca fluviatilis (костреж), претставници перкија и костреж;

-Silurus glamis (сом) се единствен претставник сомот, кој достигнува до два метри во должина и тежина преку 100 кг.

SHARE