Austrian tennis player Dominic Thiem celebrates a point against Uruguayan tennis player Pablo Cuevas during the ATP Madrid Open semifinal in Madrid, on May 13, 2017. Thiem won 6-4 and 6-4. / AFP / OSCAR DEL POZO

Австрискиот тенисер Доминик Тим со 3-0 во сетови го збриша Новак Ѓоковиќ во 1/4 финалето на тенискиот турнир во Ролан Гарос и ја спречи долго очекуваната пресметка на два великана на спортот. 24. годишниот Тим претходно го немаше победено Србинот, но денеска му наплати со многу убедливо славје во кое неизвесно беше само во првиот сет, кој заврши во тај брејк, но не и во вториот (6-3), а особено не во третиот (6-0). Ваквиот тек, па и расплет на партијата е огромно изненадување ако се знае дека Новак го разнесе Австриецот во финале на Мастерсот во Рим при тоа препуштајќи му само еден гем.

За разлика од Ѓоковиќ, Рафаел Надал си обезбеди пласман во полуфиналето на тенискиот Гренд Слем во Париз откако неговиот денешен противник Карењо Буста го предаде мечот при водство на Шпанецот со 1-0 во сетови. Надал против Тим в петок ќе игра по седми пат во кариерата, но не е така убедлив, бидејќи има 4 триумфи, но и 2 пораза.