Нови земјотреси се забележани во Охрид и охридско во минатата ноќ. Ги имало преку десетина од кои два биле почувствувани повеќе и биле посилни. Еден утринава во 8.30 со сила од 3.5 степени според Рихтер, а два часа подоцна и имало и еден од 3.8 степени. Тој бил со епицентар близу Ресен и на длабочина од два километра.

Вчера во Охрид имаше земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала. Тектонското поместување на плочите во 13 часот и 8 минути предизвика материјална штета, па и паника која се провлече и низ целата претходна ноќ.