Екипата која работела на филмот “Edge of Tomorrow” не се замарала премногу со географски податоци, па тие во филмот направиле сериозна грешка. Иако за некои тоа воопшто не е од голема важност, за други во моментов е “сол на рана”.

Поточно да објасниме. Во сцена од филмот во кој Том Круз се наоѓа во пред мапата на која на местото на Загреб е означена Љубљана. Оваа грешка е банална, но деновиве е проблематична поради недоразбирањата кои настана меѓу Хрватска и Словенија со пресудата од Хаг во Пиранскиот залив.

Инаку филмот “Edge of Tomorrow” беше снимен пред три години. На актерот ова не му е прво филмско гостување во Хрватска бидејќи во четвртиот дел од “Невозможна мисија”, дел од сетот е сниман исто во Хрватска.

Том Круз ја посети Хрватска во 2012. година со својот голем пријател, режисерот Кристофер МакКуори.