Поранешниот италијански премиер денес беше „нападнат“ од претставничка на групата FEMEN, која гола до половина скокна пред него во момент кога Силвио Берлускони гласаше на италијанските избори, на кои се надева дека ќе добие шанса по четврт пат да седне во премиерска фотелја.

Берлускона со насмевка се повлече пред жената која од маса му извикуваше „Берлускони, твоето време истече“.

Голата активистка за секунда беше опкружена од море фотографи на избирачкото место во Милано, каде гласаше 81-годишниот Берлускони.

Берлускони и во 2013 година беше нападнат од активистки на FEMEN, кои преотестираа поради неговите сексуални скандали.