Американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел. Тоа беше и официјално соопштено од Белата куќа.

Кога стапив на должност, ветив дека нема да ги затворам очите кон предизвиците, рече Доналд Трамп.

Тој најави дека намаата е да ја префрли американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим што предизвика бурни реакции кај Палестинците, на Блискиот Исток, но не наиде на одобрување на Запад.

Многу веројатно е да има радикален одговор на овој потег, предвидуваат познавачи на ситуацијата на Блискиот Исток.

Според него, градот е важен за евреите, христијаните и муслиманите, но истакна дека неговите претходници во Белата куќа одбиле да ја признаат воопшто чија е престолнина.

„Но, денес конечно го признаваме очигледното. Ерусалим е главен град на Израел“, изјави Трамп според кој „ова е вистинската работа“.

Со приближувањето на ноќта, стотици Палестинци во појасот Газа почнаа да палат американските знамиња.

Во исто време, илјадници Евреи излегоа на улиците на Израел за да ја прослават одлуката на Доналд Трамп. Израелскиот Ѕид на плачење беше осветлен со боите на американското знаме.

Одлуката за Ерусалим требало да биде донесена одамна, рече американскиот претседател на состанокот на владата непосредно пред долгоочекуваниот говор.

Оставете коментар