Трамп го прогласи Скопје за главен град на Бугарија – Сатира од Софија

Американскиот претседател Трамп веднаш откако го призна Ерусалим за главен град на Израел денес го шокираше Балканот, пишува сатиричниот бугарски портал “Haknews”.

Овој медиум кој објавува комични вести пишува дека Трамп го признал Скопје за главен град на Бугарија.

Според администрацијата на Трамп по неправдата на Русија во Западниот Балкан не можел да ги затвори очите.

Во лажната вест се вели дека “Македонските медиуми реагираа брзо дека Трамп е изветреан, а цела светска јавност се кренала против неговите зборови затоа што тоа било недозволиво”.

Во текстот се споменува и премиерот Бојко Борисов кој прави се што може за да ги обедини а потоа да станат наши и на крајот партијата ГЕРБ да владее со нив.

“Благодариме на господин Трамп што исправи историска неправда наречена Македонија, дека го обедини Западен Балкан што е одлична шанса за бугарското стратешко партнерство со САД и НАТО, со Скопје како главен град на Бугарија”, пишува во текстот кој треба да покаже како треба да пишуваат медиумите.

Забелешка:
Веста на бугарскиот портал е лажна вест која на сатиричен начин сака да ги прикаже состојбите во Бугарија во однос на Македонија.

Оставете коментар