Loading...

Американскиот претседател Доналд Трамп го смени државниот секретар Рекс Тилерсон и планира да го именува директорот на ЦИА, Мајк Помпео, на функцијата прв дипломат, правејќи голема промена во својот тим за национална безбедност во пресрет на деликатните преговори со Северна Кореја.

Трамп минатиот петок побара од Тилерсон да се повлече, по што тој вчера го прекина патувањето во Африка за да се врати во Вашингтон.

Помпео ќе го замени во Стејт департментот, а Џина Хаспел, заменик-директор на ЦИА, ќе го наследи на чело на Централна разизнавачка агенција, станувајќи прва жена што ќе ја води.

„Горд сум што го номинирам директорот на ЦИА, Мајк Помпео, за наш нов државен секретар. Мајк прво дипломира во својата класа на Вест Поинт, служеше во армијата на САД, и дипломира на Харвард. Потоа замина на служба во Конгресот на САД со докажани резултати од работата во него“, стои во изјавата на Трамп дадена за весникот „Вашингтон пост“.

Претседателот истовремено му се заблагодари на досегашниот државен секретар.

„Сакам да му се заблагодарам на Рекс Тилерсон за неговата служба. Оствари извонредни резултати во последните 14 месеци и им посакувам секое добро нему и на неговото семејство“, додаде Трамп.