Трамп предлага наставниците со оружје да ги бранат учениците

Доколку наставниците беа вооружени, немаше да се случи последниот масакр во кој загинаа 17 лица во Флорида , смета американскиот претседател Доналд Трамп, од кој се бара да се заложи за контрола и намалување на оружјето во земјата.

На средба со средношколци кои го преживеаја масакрот во училиштето, тој понуди контроверзен предлог:

„Кога би имале наставник кој е добро обучен и вооружен, тој би можел многу брзо да го прекине нападот“, рече американскиот претседател.

По масакрот во кој 19-годишниот маж уби 17 ученици и рани многу други, американската јавност бара конечно да се направи нешто за контролата на оружјето до кое многу лесно се доаѓа во Америка.

Средношколците низ целата земја планираат голем марш по овој повод во Вашингтон, а бројни јавни личности донираа пари за организирање на маршот.

SHARE