Трамп сака да биде доживотен претседател

Американскиот претседател е восхитен од иницијативата на кинеските власти да се укине ограничувањето на мандатот на шефот на државата.

Си-ен-ен соопшти дека и Доналд Трамп, сугерира да се направи истото и во САД.

„Тој (Ји Ципинг) доживотен претседател, постојан претседател. Тоа е одлично … Видете, тој успеа да го направи тоа и мислам дека е одлично. Можеби треба да се обидеме да го сториме истото “, вели Трамп.

Претходно беше објавено дека Централниот комитет на Кинеската комунистичка партија предложи укинување на ограничувањето, претседателот и потпретседателот на Народна Република Кина да имаат право на најмногу два последователни мандати како што е сега.